Денеска ВМРО-ДПМНЕ одржа протест пред Министерството за здравсто под мотото „Здравје, а не провизија“.
На протестот се обратија повеќе говорници кои побараа одговорност и оставка од Филипче, а во еден момент присутните почнаа да фрлаа балони со вода кон зградата на Министерството.
„Да го измиеме срамот – кога во Македонија умираат по 50 луѓе на ден Заев и Филипче летаат со хеликоптер“, порача претседателот на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.