Видео кое ќе ги стопли вашите срца: СОС Детско село прашува 10 дечиња, како знаат дека мама и тато ги сакаат

СОС Детски села Интернационал е меѓународна невладина организација за социјална заштита, посветена на заштита и примена на детските права уште од 1949 година кога првото СОС Детско село било основано од Херман Гмајнер во Имст, Австрија.

Тие работат за да ниту едно дете не треба да порасне само и дека секое дете треба живее во стабилно и грижливо семејство како дел од поддржувачка заедница. Ова им дава можност на децата да едноставно бидат деца. Сепак, останува фактот дека барем едно од десет деца во светот веќе изгубило или е изложено на ризик од губење на грижа на своите родители.

Во последното видео кое го објави СОС Детско село – Македонија има повеќе дечиња кои одговараат на прашањето ,, Како знаеш дека мама и тато те сакаат”? Одговорите на различни јазици се убави и интересни, а може да се слушне и ,,Мама прави преубави палачинки” , ,,Дека се гушкаме” ,,Te сакаме бескрајно”.

Но, има и едно дете кое нема одговор на ова прашање, а има појаснување дека 1 од 10 деца не можат да одговорат на прашањето, па затоа СОС Детско село на крајот од видеото испраќа апел да се помогне со донирање средства за да сите деца имаат одговор на ова прашање.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде