Видео: Додека Роналдо славеше погодок, на Олд Трафорд се развеа македонското знаме

Вчера Манчестер Јунајтедо одигра фантастичен натпревар и по негатива од 0:2 на полувремето стигна до победа од 3:2 против Аталанта.

Посебно интересно за нас е што при голот на Роналдо за водство од 3:2 кога 70.000 фанови еруптираа на „Олд Трафорд“ во центарот на вниманието на камерата беше македонското знаме со сонцето од Кутлеш.

Токму пред македонскиот навивач Роналдо и соиграчите го славеа важниот гол за победа.

Инаку станува збор за Александар Зелениковски кој е член на фановите на Манчестер Јунајтед во Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде