(Видео) Џокерот Жота го реши дербито на „Емирати“

Арсенал и Ливерпул вечерва го одиграа дербито на 30. коло во Премиер Лигата.

Екипата на Јирген Клоп си замина со полн плен од Емирати, а играч на натпреварот беше Диого Жота кој одигра само половина час.

До 64. минута резултатот беше оној почетниот, а потоа на сцена стапи Жота кој погоди со глава за 1:0 по одличниот центаршут на Александер Арнолд.

Само четири минути подоцна и Мохамед Салах се запиша во листата на стрелци, а конечниот резултат го постави Жота кој стрелаше во 82. минута за конечни 0:3.

Арсенал повторно одигра лош натпревар и за време на целиот натпревар само двапати се закани по голот на гостите, но безуспешно.

Со оваа победа Ливерпул се искачи на петата позиција на табелата со 49 бода, два помалку од Челси, додека Арсенал е девети со 42 освоени бода.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде