Американскиот претседател Џо Бајден денеска имаше една непријатна ситуација при тргнувањето на пат за Атланта.
Тој додека ги искачуваше скалите на претседателскиот авион неколку пати се засопна и падна на колената, по што се крена и продолжи, а кога се искачи на крајот мавна со раката за да даде до знаење дека е добро.
Од Белата куќа соопштија дека Бајден не се повредил и дека се чувствува добро.
„Надвор е многу ветровито. Претседателот 100% добар.“ – соопштија од таму.
Да потсетиме, Бајден има 78 години и е најстариот претседател на САД кој некогаш стапил на должноста.