Видео: Автобус се преврте во Србија

На пат кон Тара кај селото Кремна, автобус полн со патници и3летал од патот. Се претпоставува дека причина се снегот и лизгавите коловози.

Повредени нема, а сите патници се 6езбедни и чекаат друг автобус да ги земе, пренесува српски Информер.

Од Ужице патишта велат дека сите расположливи екипи се на терен и работат на чистење на патиштата. Уште еднаш апелираат до сите возачи да се однесуваат согласно условите на патот зад воланот.

„Често се случува додека чистат машините, нетрпеливите возачи да се обидат да поминат затоа што не сакаат да чекаат, тогаш дојде до уште поголем колапс.

Тоа им ја отежнува работата на работниците на патиштата. Сообраќајната култура е клучна во овој момент “, изјави Леко Коричанац, директор на Патишта Ужице.

Српските медиуми објавија снимки од настанот.

Да потсетиме, во мачна и тpaорна атмосфера, по тмуpно и облачно време, со државни почести и во присуство на највисокиот државен врв, вчера на Меѓународниот аеродром „Скопје“

семејствата и роднините ги презедоа поcмpтните останки на 45-те жpтви на тpагичната сообраќајна несреќа што се случи пред десет дена во Бугарија, кога македонски автобус на враќање од Турција удри во банкина и изгоре на автопатот Струма, на релацијата Софија-Перник.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде