Ван Дајк, Бејл, Облак…ФИФА го смести Пандев помеѓу топ 10 великани што заслужуваат Мундијал

Во четврток со натпреварот против Романија Македонија ќе ги започне квалификациите за Светското првенство кое се игра во Катар во 2022 година.

Македонија на овој турнир е во група со Германија, Романија, Исланд, Лихтенштајн и Ерменија. Пред почетокот на квалификациите ФИФА направи листа од играчи над 28 години кои заслужуваат да играат на Светското првенство. На таа листа се најде и името на Пандев.

„Пандев и понатаму е импресивен во Серија А. Македонија никогаш до сега не завршила помеѓу првите три селекции во квалификациите за СП, но пласманот на Европското првенство може да промени многу работи“, стои во делот посветен на Пандев на официјалната страна на ФИФА.

Освен Пандев на листата се најдоа имиња како: Ван Дајк, Обамејанг, Заха, Облак, Бејл, Запата, Ву Леи, Хачисон, Ву Леи и Микхтаријан.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде