Утре завршува полицискиот час, ќе има ли продолжување и негово зголемување?

До утре наутро, во 5 часот, завршува мерката на Владата за воведување полициски час на територијата на цела држава од 22 часот до 5 часот наутро.

Министерот Венко Филипче најави дека можноста за продолжување на полицискиот час ќе се разгледува в понеделник кога ќе се донесе одлука.

Според најавите се очекува Комисијата за заштита од заразни болести да предложи продолжување на полицискиот час и скратување на работното време на угостителските објекти.

Забраната за движење на населението во временски период од 22 часот до 5 часот наутро беше воведена на 10 март. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде