Уште една легенда ја загуби битката со короната: Почина Предраг Живковиќ Тозовац

Легендарниот српски пејач, Предраг Живковиќ Тозовац (85) почина утринава од коронавирус – објави „Блиц“.

Тозовац последниве недели се лекувал од коронавирус, а веста за смртта на српскиот фолк пејач за „Блиц“ ја објавил неговиот кум.

-Не издржа, ковидот комплетно го уништи – изјавил тој.

Инаку, само пред неколку дена Тозовац апелираше да го пуштат дома бидејќи не можел да издржи во болница.

-Ги молам лекарите да ме пуштат дома, достоинствено да умрам во мојот кревет, во мојата спална, ама тие не сакаат ни да слушнат за тоа. Во болницата луѓето умираат околу мене, не сум моќен да им помогнам, ќе полудам – рекол српскиот пејач.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде