Угостителите ќе работат помалку доколку не се намали бројот на новозаразени

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека доколку не се намали бројот на новозаразени ќе се продолжи полицискиот час и ќе се скрати работното време на угостителите.

„Не е исклучено Комисијата за заразни болести да предложи и дополнителни рестриктивни мерки против ширењето на болеста. Сепак тие мерки би биле во вид на зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратување на работното време на угостителските објекти“ – рече денеска Венко Филипче.

Тој додаде дека очекува мерките кои се на сила ќе го намалат бројот на новозаразени, а проценка за нови мерки ќе се прават на почетокот од следната недела.

„Денес имаме бројка на новозаболени под 1000, значи помалку во однос на вчера и очекуваме така да продолжи. Овие мерки го даваат резултатот во првите десет со четиринаесет дена, ќе ги анализираме податоците. Доколку е потребно, одлука ќе носиме в понеделник“ – додаде министерот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде