Убави вести за Реал пред финалето во Суперкупот

Винисиус Јуниор синоќа одигра уште еден одличен натпревар против Барселона, но заработи и повреда.

Бразилецот беше заменет во второто продолжение бидејќи не можеше да го продолжи мечот, а наместо него во игра влезе Камавинга.

Клубот и навивачите беа загрижени за можна подолга пауза на Винисиус, но денес пристигнаа добри вести.

Винисиус не заработил повреда, туку станувало збор само за грчеви, па ќе биде спремен за финалето во Суперкупот во недела.

Реал го чека подобриот од мечот Билбао – Атлетико Мадрид, кои вечерва ќе се борат за влез во финале.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде