Убава вест за сопственикот на украдениот коњ чија вредност е 50.000 евра

Професионално трениран коњ чија вредност се проценува на 50.000 евра, бил украден од оделението за тренирање на полициски животни во Хиподром, јавија дел од медиумите вчеравечер.

Првично беше објавено дека коњот е сопственост на Министерството за внатршени работи, но оттаму ја демантираа информацијата.

Коњот бил пронајден од полициски службеници од Гази Баба и бил вратен на сопственикот.

Не е познато кој е сопственикот, а според пишувањата животното било украдено за време на полициски час.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде