ТВ21: Заев утре ќе го промовира неговиот наследник

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев утре ќе се сретне со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

На средбата треба да се разговара за можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива во парламентарното мнозинство и за влез во Владата.

Како што потврдија од СДСМ за МИА, средбата треба да се одржи во 15:30 часот во Клубот на пратеници.

Шефот на дипломатијата и висок функционер во ДУИ, Бујар Османи денеска изјави дека „новото cтабилно мнозинство во Парламентот е неcпорно” и оти тоа ќе биде објавено веќе наредната недела.

Според извори на ТВ21, Заев утре на средбата со Африм Гаши во Клубот на пратеници ќе се појави со новиот мандатар и веројатно кандидат за лидер на СДСМ.

Според извори на емисијата „21 АНАЛИЗА“ на ТВ21, Заев на средбата со Гаши ќе биде во присуство на новиот мандатар.

Вечерва, во живо од 20 часот во „21 АНАЛИЗА“ со Борјан Јовановски гостува генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски за повеќе актуелни политички теми.

Инаку, како што претходно Заев потврди за ТВ21, утре во Клубот на пратеници ќе се сретне со Гаши во 15.30 часот.

Извор: ТВ21

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде