Tрајковски во најдобрите 11 на колото во квалификациите за СП

Александар Трајковски вчера се најде од првата минута на теренот против Лихтенштајн и во овој дуел кој Македонија го доби со 5:0 постигна два погодоци.

Затоа сосема заслужено Трајковски се најде во тимот на колото според „Sofascore“.

Головите Трајковски ги постигна во второто полувреме и тоа набрзина во 51. и 53. минута, така практично го откажа Лихтенштајн дека може да направи некакво изненадување.

Ќе потсетиме и дека со овие голови Трајковски го помина Ѓорги Христов на вечната листа на најдобри стрелци во македонската репрезентација. Трајковски е на бројката од 18 гола и пред него е само Горан Пандев со 36 гола во националниот дрес.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде