Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов смета дека повеќе не треба да се “лепат“ на големите политички партии и за локалните избори ќе настапат во коалиција со ДОМ и ЛДП.
„Ние уште во јануари објавивме дека сме за самостоен настап на изборите и денеска веќе објавивме јавен повик за кандидати за градоначалници и носители на советнички листи на Град Скопје и општините во Македонија.
Остануваме во коалиција со СДСМ, но немаме соработка на локално ниво. Општинските организации на Демократскиот сојуз не се задоволни и нејќат да чујат за настап на заеднички листи со СДСМ.
Притискаат самостојно да се оди. Па нека настапат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ еднаш сами на избори, да видиме колку тежат“, вели лидерот на Демократскиот сојуз и пратеник Павле Трајанов.