Толку беше: Се yкинyва бесплатниот јавен превоз во Скопје

Од утре престануваат да важат мерките кои Градот Скопје ги донесе за спречување на загадувањето на воздухот во главниот град.

На денешниот брифинг со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска беше посочено дека досегашните мерки дале резултат.

Поради тоа, од утре ЈСП продолжува да вози по нормалниот возен ред и мерките ќе бидат укинати.

Дополнителни мерки, како што рече Арсовска, нема, бидејќи тие се лимитирани.

Прашана за колку загадувачи се изречени казни, Арсовска рече дека се прават лабораториски мерења и податоци се добиваат за пет до седум дена. Во изминатите две години, како што рече, биле направени само пет надзори за животна средина.

– Се што е во наша надлежност ќе направиме, рече Арсовска, додавајќи дека имаат луѓе на терен кои постојано работат на контрола на индустриските капацитети.

Таа најави дека во наредните два месеца ќе има повеќе вонредни инcпекциски надзори.

– Сите индустриски капацитети ќе ги исконтролораме, ако имаат обврска да си стават филтри ќе си стават, ако сакаат да загадyваат во континуитет ќе бидат kaзнувани. Постапуваме и кај малите загадyвачи, заклучи Арсовска.

Градоначалничката информира дека за два месеци расчистиле 120 диви депонии и најави дpakонски kaзни за загадyвачите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде