Тестирајте се колку го познавате македонскиот јазик

Дали беше фотокопија или фото копија, визит-карта или визиткарта, повеќе пати или повеќепати? Низ овие десет примери можете да го освежите вашето знаење за правописот на македонскиот јазик. Тестирајте колку добро се сеќавате на правописните правила во македонскиот стандарден јазик.

Кога станува збор за слеаното или одделното пишување на зборовите, како учениците, така и возрасните, честопати се соочуваат со проблеми.

Правописот на македонскиот јазик се чини тежок затоа што речиси во секое правило има исклучоци, па неопходно е постојано да се потсетуваме на некои правила што се збунувачки и лесно се забораваат.

Во продолжение проследете 10 примери низ кои можете да тестирате колку добро ги познавате правилата за слеано или одделно пишување на зборовите.

Како правилно се пишува?

1. Најјужен дел или нај јужен дел

2. Фотокопија или фото-копија

3. Од страна или отстрана

4. Мајками или мајка ми

5. Кое што или коешто

6. Визит-карта или визиткарта

7. По малку или помалку

8. Не смее или несмее

9. Не сакајќи или несакајќи

10. Повеќепати или повеќе пати

Проверете ги точните одговори…

Во продолжение потсетете се на правилата за одделно и слеано пишување на зборовите преку конкретните примери и проверете колку од вашите одговори биле точни.

1. Во суперлативната форма на придавките кои почнуваат на –ј доаѓа до удвојување на самогласката –ј, па така:

Најјужен дел;

2. Често збунува тоа што кај некои изведенки преземени од странските јазици се користи слеано пишување, цртичка меѓу двата збора или одвоено пишување.

Според македонскиот правопис еднопоимските сложени именки со прва компонента туѓојазична основа што атрибутски го дополнува значењето на втората компонента се пишуваат споено, како репроматеријали, фотоаматер, фотоапарат, но и:

Фотокопија;

3. Сложените прилози се пишуваат слеано. Дополнително, во случајов е потребно да се направи и едначење по звучност, па оттука точниот одговор е:

Отстрана;

4. Кратките заменски форми зад именките со роднинско заначење се пишуваат одвоено, па оттука:

Мајка ми;

5. Релативните заменки (којшто, којашто, коешто, коишто) се пишуваат слеано, па оттука:

Коешто;

6. Полусложените именки во кои првиот дел го надополнува вториот се пишуваат со цртичка, па оттука:

Визит-карта;

7. Честичките по- и нај- кај прилозите се пишуваат слеано, па оттука:

Помалку;

8. Негацијата на глаголот се пишува одвоено па оттука:

Не смее;

9. Негацијата на глаголската придавка се пишува одвоено, па оттука:

Не сакајќи;

10. Слеано се пишуваат и зборовите чија втора компонента е -пат, -пати, па оттука.

Повеќепати.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде