На регионалниот пат Сиричино-Желино вчера (18 април) околу 13 часот и 20 минути, патничко моторно возило „ровер“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал 29-годишниот тетовец Ф.Р., изгубило контрола и излетало од коловозот.
При тоа, четири сопатници во возилото на возраст од 22, 26, 38 и 53 години, сите од Тетово, со повреди биле пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.