Теа Таировиќ повторно направи БУМ и се пофали со заработката од настапот

Пејачката Теа Таировиќ откако зачекори на сцената на „Гранд“ продукција како дел од „Ѕвездите на Гранд“, се смета за една од најатрактивните женски пејачки во Србија, а нејзиниот задник честопати ги добива епитетите за најдобар.

Кралицата на бакшишот Теа Таировиќ моментално е фолк пејачка која е најбарана на приватни прослави. Какви забави прави таа ги знаат само оние кои биле присутни на нив.

Невидената атмосфера која таа ја прави ја докажуваат и видеоснимките кои таа ги објавува од нејзините настапи. Таировиќ не е најбарана само во регионо туку и по цела Европа, а и преку Атлантикот.

На видеото кое се појави на социјалната мрежа Инстаграм, а го сподели и самата пејачка на својот профил, се гледа дека е облечена во бели панталони и метален градник додека во раката држи куп бакшиш.

Во еден момент таа почнува да мафта со банкнтотите што ги држи во рака додека сите се маѓепсани од нејзината витка фигура.

Да потсетиме, на младата пејачка не и е првпат за една вечер да добие сјајна сума на пари, особено за песната „Ајде“ која има дури 49 милиони прегледи на Јутјуб!

Неодамна, благодарение на само еден нејзин хит на ромска свадба во Германија, Теа Таировиќ заработила 14.000 евра во една вечер! Гостите ја замолија пејачката да ја отпее песната „Ајде“ дури 47 пати, а за тоа добро ја почастија.

– Теа имаше тезга на ромска свадба во Берлин во саботата. Кога ја испеа „Ајде“, сите скокнаа и почнаа да и даваат евра! Нејзините раце беа полни со пари.

Сите само таа нејзина песна ја нарачуваа. Јас броев, таа ја пееше „Ајде“ дури 47 пати! На крајот на вечерта слушнав дека добила бакшиш од 14.000 евра – вели еден од гостите кои ја снимиле Теа додека пеела украсена со пари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде