Тажна животна приказна на Слободан од село Оризари: Бара помош од сите хумани луѓе за да ја изгради својата куќа

Суровиот начин на живот, опстојувањето во стара крошна куќичка на село, и здравствените проблеми, го принудиле господинот Слободан од кочанското село Оризари, да мора да бара хуманитарна помош од граѓаните, институциите, фирмите, сите кои се во можност да помогнат, пренесува М-нет телевизија.

Од 2001 година, Слободан останува воен инвалид, потоа следува период во кој се соочува со сериозни здравствени проблеми, па му се скратува можноста да работи и да заработува за живот и егзистениција. Живее во мала куќа пред распраѓање, со неговото семејство, мајка му, татко му и неговиот брат.

Сите невработени, со средства само од инвалидска пензија која ја зема за татко му едвај преживуваат. Маката придонела за Слободан преку медиумите да бара искрена помош.

„Барам од држава, од хумани народ, од фирми да може куќичка да ми направе државата, нешто има помош ама треба уште“ – истакна Слободан.

Отако дознале за неговата состојба дел од институциите му пружиле помош, но како што вели Слободан не е доволно. Во пресрет на неговата мака излегеле и од Општина Кочани, и од Општина Виница, како и дел од приватни фирми и граѓани.

Поставен е темелот на неговата нова куќа која е во фаза на градење, меѓутоа потребно е уште многу за тој и неговот семејство да почнат да живеат во нормални услови.

Условите во кои живее и опстојува Слободан, придонеле да остане ерген, па тој со надеж дека со решавање на неговото станбено прашање ќе се реши и неговиот брачен статус. Апел за помош упати и неговата мајка.

Сите хумани граѓани, фирми, институции кои сакаат да помогнат тоа може да го сторат со донација на градежен материјал потребен за изградба на куќата, или со парични средства на транскакциската сметка 5305 0001 7466 165 отворена во Охридска банка.

Видеото и прилогот можете да го погледнете ОВДЕ

Извор: М-нет ТВ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде