Таткото на лицето што му беше извршена трансплантација: Срцето на Верица донесе живот на мојот син

Цветко Стрезовски од Брвеница, татко на Иле Стрезовски, лицето на кое му беше извршена трансплантација, истакна голема благодарност до сите што на неговиот син му беше продолжен животот.

Тој изрази сочуство до фамилијата на Верица, која даде дозвола нејзините органи да бидат донирани.

„Сега сум среќен. Прво да изразам сочуство до фамилијата на Верица за загубениот живот. Нејзиното срце му донесе живот на мојот син.

Од 6-7 јануари му беше дијагностицирано слабо срце. Се бараше донор, и ете фала му на Бога се најде донор. Се чувствувам добро. Разговарав со синот, добро се чувствува, се е супер.

Голема благодарност до целиот лекарски тим кои учествуваше во оваа операција“, рече Стрезовски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде