На 51 година почина Горан Стојмировски- Жути, позната личност во македонскиот мото свет.




– Со голема тага и неверување ја примивме веста за cмpтта на еден од легендите на македонскиот мото свет, Горан Стојмировски – Жути.




Искрено сочувство до семејството, клубот и пријателите, нека почива во миp, објавено е на страната motori.com.mk.




Голем број на негови пријатели попладнево со неверување се простуваат од Стојмировски. Повеќе детали за неговата cмpт засега не се познати.




-Нека ти биде светол патот по кој ке одиш таму нагоре. Има кој да те чека. Ке фалиш овде на нашето Драчево, а највише на твоите два ангела…




