Тачи: Заев направи повеќе за Албанците, Ахмети удри со оружје по оваа држава

„Во оваа ситуација многу ‘симпатично’ ми е што Ахмети што се бори за Македонија да биде дел од НАТО и ЕУ, а тој удираше со оружје на оваа држава кога ние потпишувавме Договор за асоцијација и стабилизација“, рече Мендух Тачи во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Тачи смета дека не треба да се заборави претходно владеење на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ кога немале никаква одговорност.

Според него ДУИ два пати успеале да бидат власт со „математика“, од кои едниот пат, како што кажа тој, со предавство на Зијадин Села.

„Не можеме така да ги гледаме работите. Не можеме да заборавиме 10 години власт на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ и Груевски. ДУИ во таа власт немаше никаква одговнорст. Единствена среќа е што успеа два пати со математика. Првиот пат 2016 година успеа со предавство на Зијадин Села кој искочи против ДУИ, и преку ноќ заврши во собата на Али Ахмети“, рече Тачи.

Извор: ТВ21

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде