Тачи објави: Постигнат е договор, во Тетово е завршена работа!

Во пресрет на вториот круг од локалните избори, ДУИ и ДПА се договорија за меѓусебна поддршка.

Всушност, лидерот на ДУИ Али Ахмети очекува поддршка од гласачите на ДПА во општините каде што кандидатите на ДУИ одат на вториот круг, како Тетово, Теарце, Боговиње, Врапчиште, Гостивар, Струга, Чашка, па дури и во Чаир.

– Го заокруживме договорот. Јас и господинот Ахмети имавме разговори неколку денови. Договорот значи дека ДПА ќе ги поддржи кандидатите на ДУИ во сите општини, додека во Студеничани ќе имаме демократска трка меѓу нашиот кандидат и кандидатот на ДУИ,

но овој пат централната власт нема да биде вмешана во кампањата за да биде битката најфер и најправедна, иако верувам дека ДПА има голема предност во Студеничани и секако ќе победиме – изјави Тачи.

Тој најави дека договорот со ДУИ е долгорочен и дополнително ќе ги откријат деталите.

– Во Тетово со овој договор е завршена работата. Победува кандидатот на ДУИ. Овој договор има перспектива за луѓето од ДПА. Во рамките на овој договор има многу институции на локално ниво, кои ќе ги водат луѓе на ДПА – подвлекува Тачи.

Дека овој договор е постигнат, за „Слободен печат“ потврдија и од ДУИ. Од ДПА на Мендух Тачи најавија дека во Скопје ќе го поддржат кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов.

Извор: Слободен печат

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде