СЗО предупредува: Четврта недела по ред бројот на новозаразени се зголемува

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адана Гебрејесус изјави дека загрижувачки е што четврта недела по ред бројот на заболени се зголемува, откако претходно шест недели се намалуваше.

„По шест недели опаѓање на случаи со Ковид-19 во јануари и февруари, сега имаме четврто последователно зголемување на бројот на случаи. Во моментов, бројот на смртни случаи продолжува да опаѓа, но со побавно темпо.“- рече Гебрејесус.

Според СЗО, во последните 24 часа се регистрирани повеќе од 535.000 нови случаи на заразени со Ковид-19, а речиси 10.000 луѓе починале.

Најмногу регистрирани заразени од Ковид-19 има во САД – 29 милиони, следуваат Бразил и Индија со повеќе од 11 милиони. Македонија од почетокот на пандемијата до сега регистрирала околу 118.000 заразени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде