СЗО открива од каде почнал да се шири коронавирусот

Од Светската здравствена организација тврдат дека го откриле изворот на инфекцијата со Ковид-19.

Првото место од каде почнала да се шири заразата е фарма за диви животни во Јунан.

Според Livescience, во извештајот кој СЗО ќе го објави за неколку недели детално ќе го објасни изворот на заразата.

СЗО во јануари започна да работи на откривање на изворот и сега соопшти дека тој започнал да се шири од фарма за диви животни.

Тука паѓаат и теориите на заговор кои се шират низ целиот свет дека вирусот излегол од лабораторија во Вухан, а СЗО тврди дека не поседува такви докази.

Дел од научниците сметаа дека вирусот циркулирал меѓу лилјаците, а потоа се префрлил врз луѓето преку посредници, најверојатно преку диви животни продадени на пазарот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде