Светската банка предвидува раст на македонската економија од 3,6%

Само Босна ќе има понизок економски раст од Македонија годинава. Според најновите прогнози на Светска банка, македонското БДП годинава ќе порасне за 3,6, а следната за 3,5%. Босна годинава ќе бележи раст на 2,8%, а догодина ќе се изедначи со земјава, пренесува Сител телевизија.

Послабиот раст на овие земји се должи на корона кризата, во пролетниот извештај на Банката стои дека економиите од Западен Балкан од стартот на 2021 се најтешко погодени од кризата, со најголем број новозаболени на ден со што далеку го надминуваат просекот во регионот на Европа и Централна Азија. Банката додава дека Македонија, Босна и Црна Гора се меѓу десетте земји во развој со најголем број смртни случаи што прави  допонителен притисок на здравствените системи.

Светската банка нотира дека иако е состојбата најлоша во овие земји доцни и вакцинацијата затоа што тие чекаат вакцини преку КОВАКС механизмот.

Кај Србија пак како лидер во регионот по бројот на примени вакцини има нагорна корекција од 1,9 процентни поени на БДП за годинава е сега се прогнозора дека оваа земја годинава ќе забележи раст од 5%.

Најголем раст годинава ќе забележи Црна Гора од над 7%, но тоа се должи на споредбата со лани кога БДП во оваа земја падна за близу 15%, или најмногу во регионот.

Извор: Сител

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде