Свештеник на МПЦ-ОА: Најсиромашната земја доби два милиони вакцини, за Македонија нема

Свештеникот од Македонската Православна Црква, Отец Филип Иванов на својот Фејсбук профил објави дека најсиромашната земја во Африка, Конго добиле два милиони вакцини, додека за Македонија се уште нема.

„ДР Конго – најсиромашната, најнестабилната и најразорената земја во Африка, обезбедила ДВА МИЛИОНИ дози вакцини, пред неколку недели, преку веќе фамозниот КОВАКС систем, за кој нас секојдневно ни кажуваат дека не функционира, па затоа сме запоставени во тој поглед…

Во Конго сум бил, и најкраткиот опис за земјата е пост-апокалипса. Земја и народ кои живеат сценарио бетер од она на Mad Max, каде што банди бунтовници секојдневно крадат, силуваат и убиваат сè пред себе, додека едни од најкорумпираните власти на Земјата учествуваат во тоа подеднакво, само што првиве роварат ноќе, а вториве дење. Статистички, секој месец повеќе од 10.000 луѓе гинат во тие масакри и борби кои се водат за сè и сешто, од вода и храна, па сè до минерали и скапоцени метали. Болестите како ебола, маларија, тифус, денг и еден куп други им се постојана реалност. За тоа дека Букаву, градот во кој бев е rape capital of the world да не ни почнувам…

Е, сега, ваква „никаква“ држава, географски и политички надвор од Европа, без членство во НАТО, успеа да дојде до милиони вакцини за своето население, додека ние, благонадежниот „пример“ за напредок, разрешување конфликти, добрососедство и „штотијазнам“ сè друго од тие Европски „вредности“ – останавме на една обична НУЛА!Ете, тие сме и таму сме кај што сме, толку…“- напиша Отец Филип Иванов на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде