Стојаноски: Горе десно има човек кој што ја снима толпата која што протестира

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата денес на протестот во организација на Градски Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче“ се обрати и посочи дека на она кое што треба да биде протест пред министерство за здравство во последниве три недели излезе дека е протест пред министерството за провизии и смрт.

Горе десно има човек кој што ја снима толпата која што протестира, видете што им е приоритет, наместо да се растрчаат по светот и по Европа за да обезбедат вакцини за македонскиот народ. До денеска до овој момент имаме загубено 4.150 граѓани на Република Македонија.

Тоа е како преку ноќ да го снема Крушево, Вевчани, некои помали градови. А, она што е најтрагично е што таа стапка не се намалува. Па можеме да видиме секој ден по социјалните медиуми дека некој бара помош за да се лекува, да се собираат донации, луѓето се почесто ни кажуваат дека не сакаат да ги отворат социјалните медиуми заради тоа што личат на некролози. Приморани сме поради овие неспособни луѓе секој ден да се збогуваме од наши блиски роднини и пријатели“, нагласи Стојаноски.

Извор: Вечер.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде