Стигна потврда: Еве кога ќе се сретнат Заев и Гаши

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев утре ќе се сретне со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

На средбата треба да се разговара за можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива во парламентарното мнозинство и за влез во Владата.

Како што потврдија од СДСМ за МИА, средбата треба да се одржи во 15:30 часот во Клубот на пратеници.

Шефот на дипломатијата и висок функционер во ДУИ, Бујар Османи денеска изјави дека „новото cтабилно мнозинство во Парламентот е неcпорно” и оти тоа ќе биде објавено веќе наредната недела.

– Новото cтабилно мнозинство е апcoлутно неcпорно и тоа ќе се случи наредните недели. Патот до тоа ново мнозинство е алтернативи, има неколку опции до тоа ново мнозинство и во моментот се случуваат тие разговори и преговори за постигнување на тоа мнозинство.

Ќе повторам, многу е важно дека paционалните политички cили, па и пратеници одлучија во овој момент државата да не ја претворат во дел од проблемот, туку во дел од решението на нашата европска перспектива.

Очекуваме да завршат тие разговори и верувам дека наредната недела веќе ќе имаме cтабилно мнозинство кое што ќе почне да се занимава со предизвиците и можностите што ги има Владата,

рече Османи на новинарско прашање кога ќе биде официјализирано новото мнозинство на заедничката прес-конференција во Скопје со австрискиот министер за европски и меѓународни работи Михаел Линхарт.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде