Српскa пejaчка без влакна на јазикот: Наплаќам 900 евра од поминат час со мене

Трансродовата пејачка Електра Елит, која живее во Швајцарија, а по потекло е од Србија во интервју за Прва.рс изнесе интимни работи за нејзиниот живот. Таа ги оставила во неверување гледачите, откако јавно открила дека се занимава со проституција, изнесувајќи детали околу нејзината работа.

,, Јас работам во Швајцарија, и таму проститутките плаќаат данок затоа што не се знае големината на заработката. Јас сум за легализација на проституцијата во Србија. Секако, тоа сега не е можно заради Ковид-19, но во Швајцарија, државата ми дава 80 отсто од моите приходи, и тоа како ,,плата”.

Таму те гледаат како да работиш како било која друга работа. Не е морално, но, сите завршуваат кај проститутките, тоа е проблемот кај нас – кажала Електра и додала:

Во Швајцарија доаѓаат спортисти, политичари, обичен народ… Неколку познати фудбалери биле кај мене, но јас не сакам да говорам за нив. Постои дискреција, заради тоа и имам клиенти. Во моментов, на балканот има доста проституција, сите четири врсти. Женската е најевтина.

Еден час поминат со мене се движи од 900 до 1000 франци, или околу 900 евра. Ако завршил за 5 минути, тоа е тоа – кажала Електра, која своите сексуални услуги ги дава во Швајцарија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде