Србите дозволиле вакцинирање затоа што истекувал рокот на вакцината?

Во Србија викендов имаше масовна имунизиција против коронавирусот, а голем број и граѓани од Македонија ја искористија шансата која ја даде Србија за вакцинација на странски државјани.

Вакцините на Астра Зенека со кои се вакцинираа и дел од македонските граѓани биле со рок на важење до почетокот на април.

Брнабиќ утрово на телевизијата Хепи рече дека целиот процес не бил изведен поради тоа. Сепак, потврди дека Србија не сакала да фрла вакцини.

„Точно е дека вакцините на Астра Зенека имаат пораток рок поради начинот на нивно чување, односно може да се чуваат на температура помеѓу 2 и 8 степени. Инаку, да, рокот истекува сега на почетокот на април, но, знаете, и нашиот потпретседател во Владата, министерот Недимовиќ се вакцинираше пред седум до десет дена.“ – рече Брнабиќ.

„Вакцинацијата не се случи поради тоа, затоа што истекува рокот. Ние не сакаме да фрламе вакцини. Има земји кои фрлаат затоа што нема организација сите луѓе да се вакцинираат.“ – додаде таа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде