Спасовски за Светскиот ден на Ромите: Ако сакаме силна држава ќе подадеме рака на секого!

Во свое име и во име на сите вработени во МВР, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот ФБ профил, на сите наши сограѓани од ромска етничка припадност во Република Северна Македонија им го честита Светскиот ден на Ромите.

Дозволете ми во свое име и во име на сите вработени во МВР на сите наши сограѓани од ромска етничка припадност во Република Северна Македонија да им го честитам Светскиот ден на Ромите и да им посакам здравје и успех во животот, со јасната и недвосмислена порака дека Република Северна Македонија е наша заедничка татковина, која почива на темелите на почитување на човековите права, на соживот и толеранција, на мултикултурното и мултиетничко општество. Колку повеќе љубов и разбирање негуваме меѓусебно, толку повеќе докажуваме дека го почитуваме аманетот на нашите предци и ја преземаме одговорноста да ја развиваме врз поставените темели, за нас и за идните поколенија.

Конечно, реалното богатство или квалитет на едно општество, всушност, се сите негови граѓани. Уверен сум дека имаме доволно и знаење и умење, но и што е особено важно – волја – во овој поглед да продолжиме со воспоставување стандарди и критериуми, што на сите граѓани ќе им овозможат подеднакви услови во нивната потрага за себеостварување, за лични и професионални перспективи. Да продолжиме со реализирање на драстични позитивни акции, отворајќи го системот и општеството за сите наши граѓани, вклучително и нашите сограѓани Роми во остварувањето и уживањето на со законите загарантираните права. Ако сакаме силна држава ќе подадеме рака на секого!”- напиша Спасовски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде