Спасовски контра Чулев: Оваа обемна акцијата е започната уште во 2019 година!

Оливер Спасовски преку Фејсбук статус му врати на ВМРО-ДПМНЕ и Наќе Чулев за наводите дека оваа акција била започната во периодот кога Чулв беше министер за внатрешни работи.

„Од ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицковски беа директно пласирани информации во врска со истрагата со што директно можеше да се загрози се што беше сработено во периодот од повеќе од една година од нашите полициски службеници, но и од стратешките партнери и Интерпол.

Ова е недозволиво застанување против полицијата и против борбата за правда и одговорност на секој што го прекршил законот.

Откако овие обиди беа пресретнати, се продолжува со лажни вести, дека наводно оваа акција била почната во периодот кога министер беше Наќе Чулев, а дека потоа МВР не преземала ништо. Ова е целосна невистина, директно поврзана со обидот да се саботира акцијата на полицијата. Оваа обемна акцијата е започната уште во 2019 година.

За ваквите обиди за саботажа на акцијата очекувам да се произнесе и јавното обвинителство. Одговорност мора да има. Уште еднаш посочувам, додека сум јас на чело на МВР нема да застанеме пред ваквите обиди за заштита на криминалот туку како досега, така и во иднина продолжуваме со бескомпромисна пресметка со криминалците. Правдата ќе ги стигне сите оние кои што направиле криминал.“- напиша Спасовски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде