Спасовски: Голем дел од пасошите биле направени кога Чулев беше министер

Оливер Спасовски на „Само Вистина“ на Канал 5, коментираше за аферата со лажни пасоши. Тој рече дека ваква активност почнала претходната власт со издавање на фалсификувани документи кои биле користени и за избори, пренесе ТВ21.

„Ваква активност почна режимот, кои се користеа за избори, и се водат постапки. Потсетивме дека еден од најзначајните примери се Горан Грујевски и Никола Бошковски. Да не говориме за повеќе луѓе кои беа во УБК, да не зборувам за 36 илјади лични карти кои беа пронајдени во МВР. Процесот на истрагата ќе покаже како и на тој начин се правеле.

Првичната истрага покажува дека тие кои добивале пасоши, не биле присутни тука, не доаѓале, тоа го одработувале лицата од МВР, во организација со лица и надвор од министерството. Имаме лица кои се вмешани, а не се во државни институции. Ќе бидат детално анализирани, се обезбедуваат дополнителни докази.

Важно е дека институциите реагираа веднаш, спроведена е истрага, ги имаме сторителите, и таа ќе се проширува“, рече Спасовски и додаде дека добар дел од пасоши биле изработени и во времето кога Чулев бил министер.

„Еден добар дел на пасоши се направени и кога Чулев беше министер, меѓутоа тогаш траеше истрагата“, рече Спасовски.

Извор: ТВ21

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде