Спасовски: Еден од уапсените имал секојдневни контакти со Мицкоски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во гостувањето на „Утрински брифинг“ рече дека еден од уапсените во аферата со издавањето пасоши на криминалци бил во секојдневен контакт со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Спасовски ја обвини опозицијата дека правела опструкции и саботажа на акцијата. Истрагата, како што кажа Спасовски, траела повеќе време, но морало да се реагира вчера по искажувањето во јавност од страна на ВМРО-ДПМНЕ некои детали.

„Јас вчера побарав во моето јавно обраќање од страна на Обвинителството да ги испитаме сите овие активности. Ако излегувате како опозициска партија со какви било обвинувања, нудења документи, докази, а тоа не го правите во надлежниот орган, тоа е Јавното обвинителство, се отвораат многу дилеми пред сите, па и пред мене. Затоа реков дека треба да се даде одговор. Меѓутоа, ако имаме предвид дека еден од уапсените е во тесна врска, непосредни и секојдневни контакти со лидерот на опозицијата тогаш се отвора сериозна дилема зошто тоа е направено“, рече Спасовски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде