Спасовски: Биле издадени 215 пасоши со туѓ идентитет – 9 лица приведени по едно се трага!

МВР уапси криминална група чии членови биле вработени во управната служба на МВР кои пак издавале патни исправи злоупотребувајќи туѓ идентитет.

„Службените лица делото го извршиле на начин спротивен на одредбите за издавање на патни исправи, со што овозможиле 215 лица, од кои 214 странски државјани и еден македонски државјанин да се стекнат со патна исправа под туѓ идентитет. Поддршка било и лице, посредник, помеѓу барателите на патни исправи со лажен идентитет и службените лица. Беше утврдено дека во еден дел станува збор за лица кои се дел од меѓународни криминални групи, нарко картели, лица инволвирани во кривични дела, односно лица со висок ризик за кои има и меѓународна потерница. До ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против 10 лица, од кои 9 се приведени, а утре ќе бидат предадени на Обвинителството и судот“, рече Спасовски.


Во однос на брифингот кој вчера го организираше ВМРО-ДПМНЕ, а за кој објавила дел од медиумите и беше за давање на лажни идентитети, Спасовски вели дека е обид за саботажа на истрагата.

„Сакам да упатам порака дека со опструкции и саботажи ќе не спречат во пресметката со криминалните структури, бадијала се трудат. Нема да не поколебате. При реализација на оваа акција се соочивме со саботажа, која за среќа не успеа. Директно од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беа пласирани информации за истрагата, со што можеше да се загрози се она што се сработи од полициските службеници, меѓународните партнери и Интерпол. Откако овие обиди беа пресретнати, се продолжува со лажни вести дека оваа акција била почната кога министер бил Наќе Чулев, а потоа МВР не презела ништо. Ова не е вистина. Оваа акција е започната 20 февруари 2019 година, кога првпат е доставен допис до обвинителството. Одговорност за ова мора да има“, рече Спасовски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде