Состанок на Комисијата за заразни болести: Се продолжува полицискиот час?

Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок на кој ќе треба да одлучи дали продолжуваат да важат рестриктивните мерки во земјава.

Актуелните мерки важат до 20. април, но состанокот ќе се одржи денеска бидејќи утре претставници од министерството за здравство меѓу кои и министерот Венко Филипче ќе заминат во Белград во работна посета на институтот „Торлак“, за во идниниа да биде наш стратешки партнер.

Пакетот рестриктивни мерки кој беше донесен пред две недели, опфаќаше затворање на сите угостителски објекти, кафичи, ресторани, фитнес клубови, обложувалници и слично.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде