Состанок на Комисијата за заразни болести: Еве што е предложено

Комисијата за заразни болести предложи рестриктивните мерки да останат на сила уште една недела, дознава ТВ21.

Според нивната одлука, полицискиот час се продолжува уште една недела, а угостителските објекти остануваат затворени, односно нема да примаат гости во своите локали.

Предлогот за мерките треба да биде усвоен на владина седница.

Пакетот рестриктивни мерки кој беше донесен пред две недели, опфаќаше затворање на сите угостителски објекти, кафичи, ресторани, фитнес клубови, обложувалници и слично.

Ова се должи на третиот бран кој е и најголем во ковид пандемијата во Македонија.

Во овој период здравствениот систем беше оптоварен со голем број на хоспитализирани лица, па беа отворени и неколку нови модуларни болници.

Извор: Тв21

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде