Сопственикот на БГНЕС до Македонија: Ќе жалите за Борисов, Захариева и Каракачанов

Љупчо Нешков, сопственикот на бугарската новинска агенција БГНЕС, во своето гостување во емисијата „Трилинг“ праша зошто во Македонија сметаат дека односите меѓу Скопје и Софија зависат од некои избори, пренесува Фактор.

„Прво зависеа од изборите во Македонија, па се запре работата на Комисијата и општо сите разговори беа прекинати. Сега се чека на овие избори во Бугарија во услови кога може нема да има влада. Што треба Македонија да чека нови парламентарни или претседателски избори во Бугарија?“, праша Нешков.

Исто така, тој смета дека земјава загубила две златни години, за кои сме можеле да решиме многу прашања и да отвориме една голема перспектива.

„Сепак тоа се случува кога имате работа со неискрени патриоти. Во Софија никој не се интересира за јазикот и идентитетот на Македонците. Бугарија сака да се исполни Договорот од 2017 година. Во Скопје сите тие патриоти многу ќе жалат за Борисов, Захариева и Каракачанов“, вели Нешков.

Извор: Фактор

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде