Во Полициската станица Валандово вчера околу 21:30 часот било пријавено дека на регионален пат од село Пирава кон село Јосифово, валандовско, Г.Р.(37) од с.Јосифово, управувајќи возило „фолксваген голф“, со валандовски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.К.(42) од с.Јосифово, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија, информира МВР.
Увид на местото извршиле полициски службеници од Полициската станица Валандово.