Со вереницата бил во Истанбул да си го прослави роденденот – еден од загинатите бил дел од кабинетот на градоначалникот на Кичево

Газменд Укали (27) од Кичево и неговата вереница Албина Белули (23)  од Тетово се едни од лицата кои утрово ги загубија животите во автобуската несреќа во Бугарија.

Укали со својата вереница од петокот бил да го прослави роденденот во Истанбул меѓутоа нивните животи завршија трагично ноќеска во стравичниот пожар на автобусот на превозникот „Беса Транс“.

Тој бил дел од  од кабинетот на градоначаликот на Кичево, Фатмир Дехари.

Информацијата за смртта на Газменд за „Слободен печат“ ја потврди и градоначалникот Дехари.

„Ако постои жив ангел на земјата, тоа беше Газменд Укали“, изјави за Слободен печат градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари откако утринава ја добил трагичната вест дека токму Укали е еден од 46 загинати во стравичната сообраќајка во Бугарија.

Младиот 27 годишен Укали бил помлад соработник во кабинетот на градоначалникот на Кичево веќе две години, а според зборовите на градоначалникот бил исклучителен човек и работник.

„Беше од најдоброто семејство, татко му беше лекар и тој почина пред три години. Жив ангел беше“, ни рече Дехари.

Извор: Слободен печат

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде