Снегот веќе направи пpоблеми на македоските патишта – воведена забpана за движење на тешkи товаpни возила на неколку патни правци

Автомото Сојузот на Македонија информира дека од 00:40ч. поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Од 03:00ч. поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Од 05:25ч. поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека.

Од 06:20ч. поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

Сообраќајот на државните патишта се одвивa по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат, соопшти АМСМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде