Снегот ќе продолжи да паѓа: Еве какво време не очекува до крајот на неделата

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, а во југоисточните подрачја од дожд и снег. Пообилни врнежи ќе има во западните и североисточните делови. Во вечерните часови врнежите ќе ослабнат и постепено ќе престануваат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7 степени.

Во следните два дена ќе има повремени локални врнежи претежно од снег со послаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер.Од четврток ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневните температури, додека утринските до крајот на работната недела насекаде ќе бидат под нула.

Извор: ТВ21

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде