Снег на Плетвар, воведена па укината забрана за камиони

АМСМ соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има во Маврово и на планинските премини Стража и Плетвар.

Околу 7:50 часот беше воведена забраната за движење на камиони  Прилеп – Градско преку планинскиот превој Плетвар, додека од 08.15 часот забраната е укината, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде