Смеењето кратко траеше: Отстранета бетонската препрека на велосипедската патека во Тетово

Деновиве се збогатува „галеријата“ на социјалните мрежи од погрешни или подобро кажано промашени инфраструктурни изведби. Откако се појави таа дека во Карпош пешачки премин од улица завршува во тревник, од вчера друга фотографија е причина за шеги на социјалните мрежи.

Имено, во Тетово, велосипедска патека е направена и преку бетонски препреки. Како преку нив да се помине со велосипед прашуваат тетовци.
-Кој генијалец го направи ова?
-Да не треба со крилја да купиме велосипеди? Веројатно така ќе може да се прелета преку бетониве?
-Немаше ли проектант кој на терен ќе знае и ќе процени дека овде не може да биде велосипетска патека?

Ние во Америка се молима да направат вакво нешто за да може да паднеме и да ја тужиме држата ?!!

После целиот овој потсмев градот Тетово дури денес ја отсрани бетонската препрека за да не мора луѓето да купуваат летачки велосипеди, но сеуште остана мистерија зошто беше поставена на велосипедската патека!?Нема достапен опис

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде