Случајот со Рашковски покажа дека оваа Власт постапува неселективно, смета Ангелов

Стојанче Ангелов, директор на ЦУК и претседател на Достоинство во емисијата 24 анализа истакна дека одговораат сите кои прават кривично дело и кои во иднина би направиле. 

„Сведоци сме дека во последните месеци неколку крупни зверки завршија зад решетките. За некои се уште важи презумцијата на невиност. Рашковски според законот, се уште е невин и ќе биде тоа додека со правосилна судска пресуда не му биде докажана вина, но факт е дека оваа власт постапува неселективно.“ – вели Ангелов.

Ангелов не верува дека премиерот знаел што прави Рашковски и бидејќи е самиот свесен доколку неговиот генерален секретар прави криминал, дека и тој ќе биде на тапет.

Прво да се види дали има криминал, вели Ангелов и истакна дека ако постои некој таен договор ова да биде само „циркуз за граѓаните“, истото се зборуваше и за Мијалков дека нема да добие ефективен притвор, па видовме дека доби повеќегодишна затворска казна.

Тоа ја покажува решеноста на премиерот да расчисти со корупцијата и криминалот.

Извор: ТВ24

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде