Случај „Трезор“: Мијалков осуден на 8 години затвор, а Горан Грујевски на 15 години

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на казна затвор од 8 години, како обвинет во случајот „Трезор“, кој го отвори поранешното СЈО.

Поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски доби единечна казна од 15 години, поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, доби казна од 5 години, а поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ е осуден на казна затвор од 5 години.

Предметот „Трезор“, се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде