Слави Трифунов со понуда до Гарванлиев: Ќе ти обезбедиме достоен живот во Бугарија

Познатиот бугарски шоумен и од неодамна политичар, Слави Трифунов му понуди на македонскиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев да стане дел од неговиот тим.

Во целост неговиот фејсбук статус:

„На Васил Гарванлиев, кој треба да ја претставува Северна Македонија на Евровизија, му се заканува соборување од сограѓаните во Северна Македонија, бидејќи тој објави дека е и Бугарин, бидејќи има и бугарски пасош. И сега се води кампања против него во Северна Македонија тој да не ја претставува земјата на Евровизија.

Но, почитувани сонародници, Бугарија е секаде каде што има барем еден Бугарин. И додека има еден Бугарин во Северна Македонија, пардон, во Северна Македонија има многу Бугари, но јас мислам конкретно на Васил Гарванлиев, затоа му го предлагам следното:

Василе, драг пријателе, ти си добар пејач, а јас и моите колеги имаме искуство во продуцирањето на добри пејачи. Повели кај нас и јас и мојата екипа ќе ти обезбедиме работа и достоен живот. Решението е твое. Ние Бугарите треба да се поддржуваме.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде