Симовски: Секој кој повикува за бојкот на пописот не и мисли добро на државата

Директор на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски на денешната онлајн работилница со новинарите рече дека секој оној кој повикува за бојкот на пописот не и мисли добро на државата.

„Секој оној кој повикува на бојкот на пописот не и мисли добро ни на сопствената држава, ни на сопствените граѓани, апсолутно мисли само лошо.

Според законот, има казни за некој што ќе одбие да даде податоци. Но, нашата намера не е да казнуваме, нашата намера со пописот не е да собереме пари од казна, туку да собереме податоци. Ова не го правиме за ниедна политичка опција, туку за граѓаните и државата. Ги повикувам сите да не наседнуваат на дневнополитички цели на одредени политички субјекти, зашто на есен има локални извори и сите политички партии се обидуваат да се наметнат со свои политики.“ – рече Симовски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде